Вештачката интелигенција ги презема и виртуелните асистенти.
"OpenAI" ја фрли ракавицата во лицето на сите технолошки компании кои се фалат со своите виртуелни асистенти. Имено, како што најавија, во "ChatGPT" воведоа бета верзија на функцијата "Tasks".
Објаснувајќи што е тоа, "OpenAI" истакна дека "Tasks" ќе им овозможи на корисниците на "ChatGPT" да бараат извршување на задача во иднина – од потсетник за купување билети за фудбалски натпревар до извештај за временската прогноза или условите на патот.
"ChatGPT" ќе ги следи и разговорите со корисникот и врз основа на нив ќе предложи одредени задачи, кои корисниците ќе можат да ги прифатат или одбијат.
Дека другите креатори на виртуелни асистенти се свесни за заканата на "OpenAI" најдобро говори фактот што "Amazon" планира да го освежи својот асистент "Alexa" во „наредните месеци“. Нивната цел е да го претворат виртуелниот асистент во агент за вештачка интелигенција кој ќе биде целосно лесен за користење и, на пример, ќе ги вклучува и исклучува светлата во зависност од навиките за спиење на неговите корисници.
Од друга страна, "Apple" ја интегрираше својата „Apple Intelligence“ во "Siri", токму со помош на "ChatGPT", додека "Google" го опреми својот виртуелен асистент со вештачка интелигенција "Gemini".