12-годишно момче од Ирслинген, Германија, четири недели се бори за живот откако неговиот 14-годишен другар го застрелал во левото око со пиштолот на неговиот татко.
Инцидентот се случил на 15 декември кога Демијан дошол во куќата на својот другар Тим во Дитинген, каде што очигледно избила расправија. Постарото момче на Демијан му го вперило пиштолот што, како што самиот вели, татко му го чувал во куќата.
Според истрагата, Тим го застрелал Демијан во левото око. Исто така, сериозно е оштетен и оптичкиот нерв на десното око, поради што лекарите претпоставуваат дека момчето ќе ја изгуби способноста за гледање на двете очи.
„Тој се разбуди од кома и реагира“, напиша Кристина Брејнлингер, семејна пријателка, на страницата GoFundMe.
„За момчето неговата ситуација е толку страшна што не може да ги отвори очите, не го разбира тоа“, додала Кристина, според „Билд“.
Во меѓувреме, 14-годишниот Тим е во притвор за обид за убиство, а неговиот татко е под истрага за поседување огнено оружје на непрописно и небезбедно место.
Државното обвинителство покрена постапка против таткото и неговиот син за непочитување на законот за оружје и нанесување тешки телесни повреди.
Родителите на малиот Демијан постојано, четири недели биле со момчето во болница и му пружале поддршка. Нивниот најголем страв во моментов е дека Демијан ќе биде зависен од други луѓе до крајот на својот живот бидејќи ќе остане слеп.
Пријателите упатија апел да се соберат средства за помош на семејството и помош за покривање на болничките трошоци.