Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец утрово се без парно греење.
Од ЕСМ Снабдување со топлина информираа дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа е намалена испораката на топлинска енергија.
„Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите“, информираат од ЕСМ.