Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Рeпублика Српска

Макфакс

17/01/2025

19:37

415

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Република Српска Милорад Додик вчера изјави дека сè има алтернатива, вклучително и Европа, додавајќи дека ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска.

Додик се осврна на неодамнешните најави на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека би сакал да го види Гренланд како дел од САД, иако Гренланд е самоуправна автономна територија под суверенитет на Кралството Данска.


„Секогаш кога некој од нас спомнува граници, скокаат: „Границите не смеат да се допираат“. Границите се како света индиска крава. Како може сега? Како може да се поместат границите во тој свет, но не и во Република Српска? На собранието на 9 јануари 1992 година основната идеја беше самостојна држава, без субјект. Ако Американците велат дека меѓу Словенците и Хрватите немало отцепување туку реален факт на терен, дали и Република Српска е реален факт на теренот? Зошто не вративте во таа глупост наречена Босна и Херцеговина? Ако можат Гренланд и Канада, ако можат Источна и Западна Германија, како може Република Српска сега да не се приклучи кон Србија? Тогаш и Русија има право и на Украина“, пренесува РТРС.

Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, минатата недела рече дека американската контрола на Гренланд е „апсолутно неопходна“ и не ја отфрли можноста да се користи воена или економска акција, како што се царини против Данска за да се постигне тоа.


Додик истакна дека Европа нема лидер и дека многу земји кои го ценат суверенитетот природно ќе му се спротивстават на Брисел како центар кој „наметнува веќе пропаднати вредности“.

Тој ја гледа Европската унија денес на задната страна на светските настани, економски и политички ослабена, сè повеќе на која се спротивставуваат оние држави кои го ценат суверенитетот. Лошите лидери, вели тој, донеле лоши одлуки, а наследството од нивната неуспешна политика најдобро се гледа во фактот што Германија сега е десетта по големина економија во светот, додека таа беше четврта, додека Русија сега е четврта, а беше осма.

„Европа никаде ја нема, никој веќе ништо не бара од неа. Тие немаат лидер. Тие веќе не управуваат ниту со своите земји, а камоли со Европската Унија. За Бербок да биде европски лидер е понижување за европската цивилизација, таа да одредува политика кон Русија и да каже дека е нормално да се прекине протокот на енергија кон ЕУ. Што добивте? Државите кои го ценат суверенитетот природно се спротивставуваат на Брисел, кој наметнува веќе пропаднати вредности. Што е со човековите права? Сите загрозени. Што е со владеењето на правото?“, рече Додик, додавајќи дека да биле паметни, никогаш немало да дозволат да влезат во конфликт со Русија.