Шолц: Поддршката на Илон Маск за европската крајна десница е целосно неприфатлива

Макфакс

17/01/2025

17:50

268

Големина на фонт

а а а

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека поддршката на американскиот милијардер Илон Маск за екстремната десница во Европа е целосно неприфатлива. Toj истакна дек патот по кој ќе се движи Германија нема да биде одреден од сопствениците на социјалните мрежи, туку од германските гласачи.

Маск во јануари изјави дека само екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) може да ја спаси таа држва.

Минатата недела, Маск во живо емитуваше разговор на својата социјална мрежа „Икс“ со Алис Вајдел, кандидатката на АФД за канцелар на изборите во Германија на 23 февруари.

За изјавите на Маск, Шолц рече дека е важно што се критикува.

„Она што треба да го критикуваме не е дека некој милијардер кој доаѓа од друга земјаго изразува своето мислење, туку она што го кажува“, рече Шолц на прес-конференција.

„Тој (Маск) ја поддржува екстремната десница низ Европа, во Британија, во Германија, во многу, многу други земји и тоа е нешто што е целосно неприфатливо. Ова го загрозува демократскиот развој на Европа, ја загрозува нашата заедница и мора да биде критикувано“, рече Шолц.

Интересот на Маск за Германија и политиката во другите делови на Европа, откако вложи пари и енергија за да му помогне на Доналд Трамп да победи на изборите во САД, предизвика тревога кај политичарите ширум континентот.

Маск повика на ослободување на затворениот британски антиисламски екстремист Томи Робинсон и ја нарече владата на британскиот премиер Кир Стармер тиранска, тврдејќи дека Стармер треба да биде во затвор.