Трагедија во Прилепско: Починаа новороденчиња-близначиња на возраст од 20-тина дена, живееле во екстремно лоши услови

Макфакс

17/01/2025

10:50

1.785

Големина на фонт

а а а

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20 дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт.

Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош.


Според Биноски, кога пристигнала екипата на итната помош констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало.

Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца, додаде тој.


Денеска во 12 часот закажана е прес конференција во Центарот за Социјални работи.