Екипата на Реал Мадрид донесе квалитетно засилување за преостанатиот дел од оваа сезона, засилување на бековската позиција од Соединетите Американски Држави.
Имено нов член на шпанскиот великан е 27-годишниот Денис Смит Џуниор кој во 2017 година беше избран како деветти пик на драфтот од страна на Далас Маверикс.
Потоа настапуваше и за Њујорк Никс, Детроит Пистонс, Портланд Трејл Блејзерс, Шерлот Хорнетс и Бруклин Нетс, поточно доаѓа на стариот континет со одиграни 326 натпревари во НБА лигата (154 како стартер) со просек од 9,7 поени, 3 скока, и 4,2 асистенции.
Воедно се работи за екстра атрактивен играч кој во 2019 година беше дел и од Ол-стар спектаклот, натпреварот во забивање.
Договорот е со важност до крајот на кампањава.
🤍👕➡️🎽🤍#WelcomeSmithJr pic.twitter.com/Yvu9kjbbyT
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) January 16, 2025