Ноа Окафор пристигнал во Германија и требаше само да ги помине медицинските прегледи за да потпише со РБ Лајпциг, но бундеслигашот се откажал од трансферот во последен момент.
Прегледите покажале дека швајцарскиот интернационалец треба да паузира одреден период и нема да може веднаш да му се стави на располагање на тренерот Марко Розе, па Окафор ќе мора да се врати во досегашниот клуб.
Оваа информација ќе биде голем удар за Милан, со оглед на фактот што „росонерите“ веќе ги прифатија условите за продажба на Окафор и работат на наоѓање замена за него во вториот дел од сезоната.
Германските медиуми потврдија дека трансферот официјално пропаднал и дека нема простор за промена на ставот во овој преоден рок.
РБ Лајпциг бара фудбалер кој ќе може да игра веднаш, па раководството на клубот сега ќе бара друга солуција за својот напад.