Барселона оствари голема победа против Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп, а тоа му овозможи на Војчех Шчесни да го освои првиот трофеј во редовите на шпанскиот клуб.
Каталонците го вратија полскиот голман од „пензија“, а тој во финалето заработи директен црвен картон, кој на крајот немаше директно влијание на резултатот и конечниот епилог.
Шчесни денеска во свој стил ги искоментира случувањата на „Ел Класико“ и повторно заработи многу позитивни реакции од фановите.
– Да, донесов лоша одлука и бев исклучен на моето прво Ел Класико!
– Да, тоа не е особено убаво чувство. Но, искуството ми дозволува да ги видам работите од друга перспектива. Во септември бев пензиониран од фудбалот и уживав во мојот живот на плажите и терените за голф во Марбелја.
– Четири месеци подоцна играв натпревар кој порано можев да го гледам само на ТВ или да го играм на ФИФА. И никогаш нема да се кријам и да бидам дел од оваа игра, плашејќи се да не донесам тешки одлуки и да преземам ризик. Некој може да помисли дека токму тој став го предизвика мојот црвен картон. Претпочитам да мислам дека токму овој став ме наведе да бидам таму каде што сум во моментов и благодарение на мојата понекогаш неразумна храброст, сега можам да уживам во мојот прв трофеј како играч на Барселона!
– Живеењето без страв понекогаш може да ве повреди, но верувајте ми, за возврат добивате неверојатна авантура! Ја сакам оваа игра, – напиша Шчесни.