Премиерлигашка прогноза на Сатон: Челси и Ливерпул ќе освојат само бод

Дерби

14/01/2025

11:53

779

Големина на фонт

а а а

Крис Сатон редовно ги прогнозира натпреварите од Премиер лигата за „Би-Би-Си“, а поранешниот напаѓач ги споделил очекувањата и од средбите кои ќе се играат денеска и утре во англиското првенство.

Сатон очекува победа на Арсенал во градското дерби со Тотенхем, сигурни три бода за Манчестер Јунајтед, но и нерешени резултати за Челси и Ливерпул.

Брентфорд-Манчестер Сити 1:2

Челси-Борнмут 1:1

Вест Хем-Фулам 1:1

Нотингем-Ливерпул 1:1

Евертон-Астон Вила 0:2

Лестер-Кристал Палас 1:2

Њукасл-Волвс 3:0

Арсенал-Тотенхем 2:1

Ипсвич-Брајтон 1:2

Манчестер Јунајтед-Саутемптон 2:0