Баерн Минхен се обидува да комплетира трансфер, со кој ќе го освежи својот напад, но спортскиот директор Макс Еберл е свесен дека се работи за комплицирана мисија која бара долги преговори.
Германскиот клуб има договор со Кристофер Нкунку и инсистира да го доведе францускиот интернационалец во своите редови уште месецов.
Медиумите тврдат дека Нкунку е избор на спортскиот менаџмент и тренерот Венсан Компани, посебно што во моментов е нејасно дали Баерн ќе успее да го задржи Матис Тел во своите редови.
Баерн и Нкунку веќе ги договориле условите за соработка и тука не постои проблем, а и фудбалерот јасно порачал дека е задоволен од новиот предизвик во кариерата.
Французинот и е добро познат на германската фудбалска јавност поради настапите за РБ Лајпциг до 2023 година, кога реши да го прифати повикот од Челси.