Дел од големиот ростер на Челси остана без шанса за докажување по доаѓањето на новиот менаџер Енцо Мареска, па оние што не најдоа клуб, останаа само да тренираат и без минутажа во лондонскиот клуб.
Менаџерот Мареска на последната прес-конференција зборувал за статусот на фудбалерите за време на јануарскиот преоден рок, а посебно го издвоил искусниот Бен Чилвел, кој барем засега останува дел од Челси.
– Дел од фудбалерите сакаат да играат и постои шанса да заминат.
– Мора да кажам дека Чилвел беше одличен, врвен професионалец, работи напорно. Срам ми е поради неговата ситуација, но не можам да се пожалам од неговото однесување.
– Сепак, мој избор е да не биде во составот, затоа што сметам дека Густо, Кукурелја и Џејмс можат да прават поинакви работи на таа позиција.