„На секој граѓанин му носиме модернизација, безбедност и подобар живот, ова е само почеток“, велат од ВЛЕН

Макфакс

14/01/2025

11:12

326

Големина на фонт

а а а

„Коалицијата ВЛЕН им го менува ликот на нашите општини! Со големи проекти, јасна визија и непоколеблива посветеност, на секој граѓанин му носиме модернизација, безбедност и подобар живот. Ова е само почеток на посветла иднина!“, велат од ВЛЕН.

„Oпштина Гостивар станува дел од една поширока визија за модерен и квалитетен живот. Еден од главните проекти е издвојувањето на над 161 милион денари за 2025 година, наменети за реконструкција на патишта и подобрување на патната инфраструктура. Оваа инвестиција е значајна за зголемување на безбедноста, функционалноста и квалитетот на животот во општината, придонесувајќи за изградба на урбана средина достојна за граѓаните.

Покрај инвестициите во патишта, големо внимание ќе се посвети на зачувување на животната средина и подобрување на основната инфраструктура. Општина Гостивар ќе добие алатки за селекција и транспортирање на отпадот, за да помогне во создавањето почиста и поздрава животна средина. Исто така, проектите за изградба на фекални колектори, канализации, резервоари за вода и нови водоводни линии се доказ за нашата посветеност на ефикасно управување со виталните ресурси.

Но, тоа не е се. Во Тетово вкупно планираните инвестиции изнесуваат 332 милиони денари, а опфаќаат проекти како што е реконструкција на водоводната мрежа во село Порој – 25 милиони денари (финансирани од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање). Поставување на заштитна ограда во река Шкумбин (во недовршениот дел) – 9 милиони денари (од буџетот на Министерството).

Реконструкција на магистрален водовод за водоснабдување од Попова Шапка до Тетово – 65,5 милиони денари од вкупно 140,7 милиони денари (од кредитните средства на Европската инвестициска банка). Проширување на водоводната мрежа за населбата “Вонвардарска“ – 15 милиони денари (од средствата за капитални дотации на Министерството), како и многу други проекти од витално значење за граѓаните.

Овие инвестиции се дел од стратегијата на коалицијата ВЛЕН, каде инфраструктурата и чистата животна средина се главни столбови за долгорочниот развој на општините“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.