Едвардс се „налути“ поради казната, Зубац издоминира против Мајами

Дерби

14/01/2025

10:54

6.102

Големина на фонт

а а а

Шест натпревари беа одиграни утринава во НБА лигата, а истите донесоа различен епилог за тимовите од Лос Анџелес, кои им се вратија на обврските во шампионатот со победа и пораз.

Л.А Клиперс славеше против Мајами на домашен терен, на натпревар на кој хрватскиот центар Ивица Зубац издоминира со 21 поен и 20 скокови, додека Харден уфрли 26 поени за победничката екипа.

Лејкерс пак загубија пред своите фанови од Сан Антонио, гостите имаа подобар шут и славеа убедливо, а Вембањама, Касл и Васел го завршија дуелот со по 23 поени.

Дејвис со 30 поени ги предводел домаќините, додека ЛеБрон Џејмс уфрли 18 поени на оваа средба.

Ентони Едвардс постигна 41 поен во ноќта во која претходно дозна дека е казнет со 50.000 долари од НБА поради непримерното однесување на дуелот со Мемфис, а настрада Вашингтон кој немаше одговор за американскиот репрезентативец. Кузма со 22 и Пул со 20 поени се истакнале во редовите на поразениот состав.

Вашингтон – Минесота 106:120

Њујорк – Детроит 119:124

Торонто – Голден Стејт 104:101

Хјустон – Мемфис 120:118

Л.А Клиперс – Мајами 109:98

Л.А Лејкерс – Сан Антонио 102:126