Јужна Кореја: Заврши првото рочиште пред Уставниот суд, Џун Сук Јеол не се појави

Макфакс

14/01/2025

10:51

259

Големина на фонт

а а а

Првото официјално рочиште пред Уставниот суд на Јужна Кореја за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол заврши денеска по четириминутна седница поради негово отсуство, при што судот го одби барањето на Јун да се исклучи еден од осумте судии од судењето

Следното рочиште е закажано за четврток, а судот ќе го продолжи судењето без разлика дали Јун е присутен или не, изјави вршителот на должноста претседател на судот Мун Хјунг-бае, повикувајќи се на соодветниот закон, пренесе Јонхап.

Адвокатот на претседателот изјави дека во тек се обиди за негово незаконско апсење и дека стравува за неговата лична безбедност, додавајќи дека прашањето мора да се реши за суспендираниот шеф на државата да може да се појави пред судот.


Јужнокорејската полиција веќе се обиде да го уапси Јун, но се откажала по судир со неговото обезбедување.

Денешното рочиште дојде точно еден месец откако Националното собрание на Јужна Кореја гласаше за импичмент на Јун поради неговото краткотрајно прогласување вонредна состојба на 3 декември.