Виландер: За Алкарас не е добро да победи во Мелбурн

Дерби

12/01/2025

17:45

1.001

Големина на фонт

а а а

Почетокот на Аустралијан Опен ги донесе и вообичаените коментари и прогнози за евентуалниот победник, а Матс Виландер со интересен став поврзан со Карлос Алкарас.

Шпанецот е меѓу фаворитите за највисок пласман и се бори за прв трофеј на грен-слем турнирот во Мелбурн, а легендарниот тенисер смета дека не оди во негов прилог да ја комплетира грен-слем колекцијата.


– Ако Алкарас успее да победи и овде, тогаш ќе стане најкомплетен играч во историјата со само 21 година.

– Мислам дека тоа нема да биде најдобро за него, бидејќи не е најдобро сценарио на таа возраст да знаеш дека можеш да играш на највисоко ниво на сите подлоги.

– Карлос во мај ќе наполни 22 години и никој не бил покомплетен тенисер од него, ниту Федерер, Надал и Ѓоковиќ, – рекол Виландер.