Почина легендарниот музичар

Точка

11/01/2025

16:31

1.801

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски соул пејач Сем Мур почина на 89-годишна возраст во Корал Гејблс, Флорида, поради компликации по операцијата, соопшти неговиот портпарол.

Публицистот Џереми Вестби рече дека Мур починал во петокот наутро од компликации додека закрепнувал од операцијата, но не прецизираше за какви компликации станува збор.


Пејачот беше роден на 12 октомври 1935 година во Мајами, а кариерата ја започнал пеејќи во црква. Тој настапуваше со Дејв Пратер во соул и „R&B“ клубови, а нивната соработка започна во 1961 година. Мур беше во брак со сопругата Џојс, со која ја доби ќерката Мишел, а има и двајца внуци.


Мур беше член на групата „Сем и Дејв“, позната по хитовите како „Soul Man“ и „Hold On, I’m Comin“, пренесува АП. Тој имаше големо влијание врз бројни светски познати музичари вклучувајќи ги Мајкл Џексон, Ал Грин и Брус Спрингстин, а беше примен во рокенрол Куќата на славните во 1992 година со Дејв Пратер.

Повеќето од нивните хитови се напишани и продуцирани од тимот на Исак Хејс и Дејвид Портер. Како и многу други соул уметници, по 1960-тите, „Сем и Дејв“ почнаа да бледнеат, но повторно се вратија на топ-листите кон крајот на 1970-тите.

Меѓутоа Мур продолжи да снима и пее, и беше чест изведувач во Кенеди центарот, а често настапуваше за претседателите, вклучувајќи го и Барак Обама.