Бен Афлек евакуиран поради пожарите: Прибежиште пронајде кај поранешната сопруга

Точка

10/01/2025

15:22

1.031

Големина на фонт

а а а

Разорните пожари продолжуваат да ја пустошат областа во Лос Анџелес, а Бен Афлек е еден од многуте познати личности и жители кои ги напуштија своите домови. Педест и две годишниот актер беше принуден да го напушти својот имот вреден 20 милиони долари во вторникот, а „ТМЗ“ објави дека отишол во домот на поранешната сопруга Џенифер Гарнер.

Афлек и Гарнер имаат три деца заедно и сè уште не е потврдено дали Бен отишол во куќата на Џенифер за да го провери семејството или да остане во нејзиниот дом бидејќи беше принуден да го напушти својот.

Гарнер беше во брак Бен Афлек од 2005 до 2018 година , а од тогаш па до денес се во одлични односи иако медиумите своевремено пишуваа дека таа воопшто не била во добри односи со, сега веќе поранешната сопруга, Џенифер Лопез.