Најмалку петмина загинаа во пожарите во Лос Анџелес, а на 100.000 лица им е наредена евакуација.
Илјадници пожарникари водат битка со шумските пожари што го зафатија поширокото подрачје на Лос Анџелес.
Според канцеларијата на окружниот шериф, најмалку пет лица ги загубиле животите, а повеќе од илјада домови биле целосно уништени од огнот.
Поради огромниот број на уништени објекти, овие пожари се сметаат за најразорни во историјата на градот, пренесува „Voice of America“.
A drone captures the destruction in Pacific Palisades, Los Angeles, California.
— Shadow of Ezra (@ShadowofEzra) January 9, 2025
It's almost as if they were hit by a weapon. pic.twitter.com/2ZbpcyG3Ah
Наредба за евакуација добиле околу 100.000 луѓе, а локалните власти отворија повеќе засолништа за луѓето и животните кои мораа да побегнат од пожарите.
Се проценува дека околу милион и пол жители на Јужна Калифорнија останале без електрична енергија.
Американската приватна метеоролошка компанија „AccuWeather“ ја процени материјалната штета на околу 50 милијарди долари.
Пожарникарите се обидуваат да изгаснат најмалку три големи пожари — од Санта Моника на брегот на Пацификот, преку Пасадена, до долината Сан Фернандо.
Good morning from Los Angeles pic.twitter.com/xx6m7DFQ22
— Andrew Kimmel (@andrewkimmel) January 8, 2025
Огнот дополнително го разгоруваат силните ветрови познати како „Санта Ана“, кои го забрзуваат неговото ширење.
Поради неповолните услови, авиони за гаснење на пожари беа привремено приземјени, но попладнето повторно беа ставени во функција.
Метеоролозите предвидуваат дека опасните услови за ширење на пожарите ќе траат до петок.
Пет големи пожари сè уште го загрозуваат Лос Анџелес
Еве ги нивните размери и степенот на контрола што пожарникарите успеале да го постигнат:
• Пожарот во Палисејдс: 7.000 хектари, 0% локализиран
• Пожарот Итон: 4.300 хектари, 10% локализиран
• Пожарот Хрст: 345 хектари, 40% локализиран
Video shows bulldozer shoving cars abandoned on Sunset Blvd near #PalisadesFire. One driver tells us he had no choice but to leave his car after first responders instructed people to get out and leave immediately. @NBCNews @NBCLA pic.twitter.com/xDHhtdBBuE
— Katherine Picazo (@katnbcla) January 8, 2025
Американскиот претседател Џо Бајден го откажа своето последно меѓународно патување како претседател. Неговата одлука да остане во Вашингтон и да го надгледува одговорот на катастрофалните пожари беше донесена само неколку часа пред поаѓањето за Рим и Ватикан.
Пожарникарите во Лос Анџелес изразија надеж дека намалувањето на ветровите ќе им помогне да ги локализираат пожарите. Началникот на баталјон, Брент Паскуа, рече дека ситуацијата во округот Палисејдс е сè уште критична, но дека денешниот пад на брзината на ветерот од вчерашните 128 km/h го олеснува гаснењето.
„Видовме палми кои едвај се нишаат. Тоа е добредојдена промена,“ изјави Паскуа, додавајќи дека без престанок на ветровите нема да биде возможно целосно да се запре пожарот.
Пожарникари од шест американски сојузни држави се испратени во Калифорнија како засилување, а дополнителни 250 противпожарни возила и 1.000 лица се пренесени од северна во јужна Калифорнија, изјави началникот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Ентони Марон, за „Ројтерс“.
heavy winds in North Hollywood, CA causing electrical lines to explode and lose traction
— azad (@_____azad) January 8, 2025
no traffic control, multiple intersections without working traffic lights
I just passed an Audi that was rear ended and abandoned 💀 pic.twitter.com/kbWI7VDyJi
Градот Санта Моника издаде итна наредба со која се воведува полициски час од зајдисонце до изгрејсонце во областите каде што важат наредбите за евакуација.
Процесот на гласање за номинациите за Оскар и објавувањето на листата на номинирани се одложени поради пожарите. Академијата за филмски уметности и науки објави дека рокот за гласање е продолжен до 14 јануари, а објавувањето на номинациите е поместено за 19 јануари, според писмо упатено до членовите, пренесува CBS News.