Од СДСМ најостро ги осудуваат провокациите и најавите за панихиди за Мара Бунева од страна на претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов.
„Најавите за панихиди за Мара Бунева во земјава СДСМ ги смета за провокација којашто најостро ја осудуваме. Очекуваме институциите на државата да не дозволат било какви испади или навреди на достоинството и националните чувства на македонскиот народ, ниту пак да дозволат злоупотреба на овие настани за нови тензии“, велат отаму.
Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија.
Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.
Стојанов во последно време е особено активен во Албанија каде дели бугарски книги и учебници за македонското малцинство.