[ФОТО] Јаде се што ќе посака, а во осмата деценија изгледа како авион: Ова е нејзината тајна

Точка

08/01/2025

21:34

2.308

Големина на фонт

а а а

Доли Партон и во осмата деценија има завидна линија, а во една прилика ја откри својата тајна.

Легендарната пејачка Доли Партон (78) не крие дека цел живот се грижи за својата линија, но сепак кога ќе дојдат празниците се опушта.

Во интервју за магазинот "Closer", таа истакна дека ужива во традицијата за време на празниците, како и во богат оброк, а тогаш не размислува за диета.


„Сите почнуваме да јадеме околу Денот на благодарноста и јадеме до први јануари, а потоа сите одиме на диета. Знаете како оди. Во моментов нема да размислувам за диета. Само ќе јадам. Што и да посакам. Имаме мисирка и шунка, црн грашок, фил од пченкарен леб, а потоа многу пире, зелка и слични работи“, рече таа.

Потоа, по празниците, треба да се вратите на стариот режим и да ја вратите претходната линија.


„Јас се занимавам со јога, не трчам многу, не сакам да се заморувам. Најчесто правам вежби за истегнување и едноставни вежби на подот. Но, всушност не сум љубител на тоа“, изјавила Доли.

Доли зад себе има интригантна животна приказна. Таа порасна во сиромашно семејство и беше едно од дванаесетте деца. Цел живот сонувала да биде славна и богата, а кога конечно почнала да пишува песни, немала доволно пари, па одела во хотели и јадела остатоци што другите не можеле да ги јадат.