[ВИДЕО] Филомена Канк е во потрага по смислата на животот: „Неука“ и самоуверена ќе ве воодушеви со својот „идиотизам“

Точка

09/01/2025

12:39

772

Големина на фонт

а а а

„Дали некогаш сте се запрашале како стигнавме овде? Каде одиме? Дали сте размислувале за најголемата мистерија на животот? Која е всушност смислата на животот? Јас не сум, но многумина се“, вака комичарката Дајан Морган, поточно нејзиното алтер его, откачена будалеста телевизиска водителка Филомена Канк, го започнува својот најнов сатиричен мокументарен специјал, кој од пред некој ден може да се гледа на Нетфликс.

„Оваа улога во последните неколку години, заедно со онаа во „After Life“, каде што исто така игра несекојдневна девојка, ја лансираа од британска во интернационална ѕвезда комичарка“, пишува Игор Томљановиќ во воведниот дел на рецензијата за овој феноменален лик, за „Indexhr“.

„Откако талкала и поставувала прашања, таа опфатила и многу важни теми во филмовите и сериите „Cunk on Shakespeare“, „Cunk on Christmas“, „Cunk on Britain“ и „Cunk on Life“, дојде време Филомена да се справи со самата суштина, јадрото на нештата, односно смислата на животот. И таа го направи тоа, не се ни посомневавме, урнебесно.“

Пародија на сериите на „BBC“

„Откако Саша Барон Коен беше принуден да ги пензионира своите ликови Али Џи, Борат и Бруно бидејќи станаа премногу популарни за да успеат да „насамарат“ некого со своите специфични формати на интервјуа, во празниот простор се вклизна Дајан Морган, која своевремено го привлече вниманието кон себе во хумористичниот серијал на „BBC“, „Charlie Brooker’s Weekly Wipe“.

Филомена Канк е вистински модел на нашето време, надуена кукла со тап поглед, чија самодоверба е обратно пропорционална со знаењето и образованието. Бидејќи Дејвид Атенборо има 99 години, се чини дека денес нема подобар водич од неа кој ќе нè води низ предизвиците на модерната цивилизација.


И таа е подготвена да зачекори на неговото место „без да се заебе“. Нејзините мокументарни серии се своевидна пародија на „BBC“ и други слични документарни серии, но наместо популарна наука, наидуваме на сатирични и апсурдни коментари со карактеристичниот мртов хумор на Морган.

Во овој најнов специјален (не серија, туку т.н. on-off), Канк, како вистинска егзистенцијалка, се чувствува подготвена да ги истражи најдлабоките и најсложените теми, животот и смртта, од сите можни агли – религиозни, медицински, филозофски, културни итн. Или, како што самата ќе најави, „во овој документарен специјал во „slow motion“ ќе прошетам низ живописните делови на земјата“. И така би.


Но, како таа би одговорила на тешки прашања како што се: „Дали Мајкл А.Н. Џело имал долги раце или долга четка кога ја сликал Сикстинската капела?“, „Колку заповеди имало во Десетте заповеди?“ и „Дали е вистина дека само 40 проценти од луѓето имаат скелет?“, ќе ѝ треба помош од научници од различни области и таа притоа ќе им ги постави овие и многу други, не помалку важни прашања.“

Врвните научници се соочуваат со луди прашања

„За почеток, одговорот на клучното прашање – „како воопшто завршивме овде?“, ќе дојде од „глупавиот свет на религијата“, односно професор по веронаука кој веројатно сè уште си ја чеша главата и размислува за длабоките прашања на Филомена, со кои не се справи баш најдобро.

Еден од начините да уживате во нејзините серии е да погодите кој од соговорниците на кои Канк им ставила „круша под нос“ разбира во што учествува, а кој лаже. Станува збор за врвни научници и професори од елитни универзитети, но ниту за еден од нив не би ставиле „рака во оган“ дека е свесен во што се впуштил.

Сепак, мора да се признае дека тие најчесто се справувале со детските прашања со кои се соочиле, на пример, додека Канк истражува пластични модели на репродуктивни органи и е згрозен од објаснувањето на научникот за тоа како потекнува животот.

Сепак, мора да им се признае дека големиот дел од нив сосема добро се носат со детинестите прашања со кои биле соочени, на пример додека Канк ги истражува пластичните модели на репродуктивни органи и е згрозена од објаснувањето на научниците на кој начин настанува животот. Сепак, попатно дава и не толку глупав коментар за тоа како „женските репродуктивни органи се скриени внатре, невидливи, како зад „paywall“, додека машките гениталии се изложени надвор од телото и на тој начин едноставни се за фотографирање, па со самото тоа и праќање „dic pics“ во приватни пораки без согласност на другата страна“. Можеби Канк сепак не е толку лоша како што се прави.

Секако, и овој пат не можеше да помине без шеги за еволуцијата, појавата на луѓето од мајмуните, мистериозната структура на телото со акцент на колената и животот како што го гледа уметноста. Овој пат од поганиот јазик на Филомена најмногу настрада Ван Гог, за кого не трепнувајќи ќе изјави дека „неговиот живот, а со тоа и нашиот свет, ќе беше многу подобар доколку никогаш ништо не насликал“.


Нè соочува со нашата сопствена глупост и ароганција

„Запознавајќи го ликот на Филомена Канк за прв пат, во серијалот „Cunk on Earth“, бев воодушевен од концептот и ликот на таа генијална и преслатка телевизиска гуска која вешто ја користи својата посебна личност за да нè соочи со сопствената глупост и ароганција, но ми се чинеше дека сценаристите сепак ни останаа донекаде должни, односно дека концептот има потенцијал и за нешто похумористично.


Имам впечаток дека во „Cunk on Life“ значително е зголемен процентот на успешни и неуспешни досетки и дека подобро се снашле во овој нешто пократок и поконцизен формат. Затоа, „Cunk on Life“ се гледа за час, насмевката речиси никогаш не ви се симнува од лицето, а на крајот посакувате да траеше барем малку подолго. Исто како што треба да биде со добри комедии. За помалку од десет години, Филомена Канк прерасна од малку познат комичарка во портпаролка на нашево време, никој толку добро не го персонифицира ужасот на цивилизацијата во која владее површност, ароганција и незнаење, а во која се затекнавме поради нашата сопствена вина. Доколку не можеме тоа да го промениме, можеме барем да се смееме на „идиотката“ од ТВ екранот, без да сфатиме дека всушност се смееме на самите себе.“