Мексиканскaта претседателка до Трамп: Северна Америка би можела да се вика Мексиканска Америка

Макфакс

08/01/2025

19:30

1.267

Големина на фонт

а а а

Мексиканската претседателка, Клаудија Шејнбаум, денеска изјави дека Северна Америка, вклучително и Соединетите Американски Држави, може да се преименува во „Мексиканска Америка“ – историско име што се користело во раните мапи на регионот – како одговор на најавата на Доналд Трамп дека ќе го преименува Мексиканскиот Залив во Американски Залив бидејќи убаво звучи.

„Мексиканска Америка, тоа звучи убаво“, рече Шејнбаум, покажувајќи на мапата од 1607 година на која е прикажана Северна Америка под тоа име. Претседателката, која во последните недели се расправа со Трамп, ја искористи прес-конференцијата за да зборува за историјата, со помош на старите мапи и поранешниот министер за култура Хозе Алфонсо Суарез дел Реал.

„Факт е дека Мексиканска Америка е препознаена од 17 век како име за целиот северен дел на американскиот континент“, рече Суарез дел Реал, покажувајќи ја областа на мапата. Во врска со Мексиканскиот залив, Суарез дел Реал рече дека името е меѓународно признато и се користи стотици години.

Трамп вчера зборуваше за преименување на заливот што се протега од Флорида во Канкун, Мексико, на прес-конференција за време на која презентираше широка експанзионистичка агенда, вклучително и можност за преземање контрола врз Панамскиот канал и Гренланд.