Британците маки мачат со пластиката: Владата им ги наметна следните обврски, а истражувањата во последните четири години покажаа едно

Точка

08/01/2025

17:30

865

Големина на фонт

а а а

Истражувањето на индексот за промена на материјалот, нарачано од DS Smith и спроведено од Retail Economics, откри дека повеќе од половина (51%) од прехранбените производи во супермаркетите во Обединетото Кралство се непотребно завиткани во пластика која лесно може да се отстрани или замени со еколошки алтернативи.

Тоа претставува потенцијална елиминација на околу 29,8 милијарди парчиња пластика годишно.

Според резултатите, најголем дел од пластичната амбалажа доаѓа од преработена храна, вклучувајќи готови оброци и комплети за оброци (90%), леб, ориз и житарки (89%), млечни производи (83%) и месо и риба (80%).


Владата треба да воведе поамбициозни барања, како постепено укинување на одредени видови пластика, за да поттикне иновации, инвестиции и здрава конкуренција во развојот на одржливи решенија – изјави Мајлс Робертс, генерален директор на DS Smith, пренесува Instore.rs.

Истражувањето меѓу европските производители и трговци на храна откри дека речиси сите (98%) имаат обврска да ја намалат употребата на пластична амбалажа. Меѓутоа, три од пет компании (60%) имаат рок од помалку од две години за постигнување на своите цели, додека четвртина (25%) признаваат дека заостануваат зад планираното. Две петтини (40%) ја наведуваат цената на суровините како најголема пречка, додека 39% се плашат дека потрошувачите нема да ги прифатат промените.

Производителите и трговците се загрижени дека новите пакувања би ги направиле неконкурентни: 72% веруваат дека потрошувачите не би сакале да платат повеќе за одржливи решенија, а 65% мислат дека купувачите не би ја жртвувале удобноста за одржливост.


Анализата на пакувањата во 25 најпопуларни супермаркети во шест европски пазари покажа дека Обединетото Кралство е најзависно од пластична амбалажа, со 70% од сите прехранбени производи завиткани во пластика. Следуваат Шпанија (67%), Италија и Германија (по 66%), Полска (62%) и Франција (59%).

Во последните четири години, заменивме повеќе од милијарда парчиња пластика. Но, од суштинско значење е да продолжиме да ја следиме побарувачката за одржливи материјали. Се надеваме дека владината стратегија за нула отпад ќе помогне во поттикнувањето на рециклирачки алтернативи – изјави Робертс.

Истражувањето е спроведено во 2024 година, вклучувајќи 1.500 прехранбени производи и анкета со европски производители и трговци, со цел да се истражат нивните напори и предизвици во борбата со пластичната амбалажа.