„Со секое бледо напишано соопштение, СДС само си ја потврдуваат нивната неспособност и тоа дека за седумгодишното владеење не направиле ништо за намалување на загадувањето на воздухот. СДС за седум години власт, да се грижеа за амбиенталниот воздух и животната средина, колку што се грижеа за местење матни тендери од кои профитираа милиони, до сега ќе се видеа првите резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа што, на сите им е јасно, дека загадувањето на воздухот не е проблем што се решава со брзи решенија од денес за утре, туку тоа е проблем кој бара системски решенија кои даваат резултат на среден и долг рок. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна власт со чесен пристап ко граѓаните, не ветува дека веднаш, со магично стапче ќе го исчисти воздухот, затоа се обврзува на долгорочна и системска стратегија која реално ќе го намали загадувањето“, посолуваат од партијата и додаваат:
„За таа цел потребно е промена на начинот на затоплување на домовите, што подразбира повеќе користење на еколошки горива, меѓу кои и централно затоплување, а затоа е потребно да се изградат гасни централи. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на изградба на такви гасни централи, а веќе има и заинтересиран инвеститор. СДС да се грижеа за воздухот колку што се грижеа за местењето тендери од кои профитираа милиони, до сега ќе се видеа првите резултати“.
СДСМ смета дека е зачудувачки и во исто време загрижувачки е како, како што велат, власта на ВМРО-ДПМНЕ со голема леснотија го игнорира загадувањето на воздухот во државата и не презема ништо. Од најголемата опозициска партија тврдат дека кога беше опозиција ВМРО-ДПМНЕ најавуваше над 1 милијарда евра за инвестиции во чист воздух и намалување на загадувањето за 50%.
-Како власт ДПМНЕ сега не презема ништо. Поминаа 7 месеци, мерки против загадувањето нема. Дополнително власта ги намали парите за борба против загадувањето на воздухот за 51% а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми кои со години се реализираа успешно. Ниту еден амандман на СДСМ за еколошоки проекти и зголемување на парите за борба против загадувањето не беше прифатен од страна на власта, соопштија од СДСМ.