Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени – 1 степен, 2 степени било во Попова Шапка, Крива Паланка и Штип, 3 во Струмица, Кавадарци, Велес, Куманово, Лазарополе и Виница, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп и Маврови Анови, 5 во Битола и Крушево, 8 во Гевгелија, Демир Капија и Претор, 9 во Охрид и Дебар.
Висината на снежната покривка утрово во седум часот била 42 сантиметри на Попова Шапка, 32 Маврови Анови и 7 Крушево.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во Тетово хоризонталната видливост е ограничена на 500м. Дуваше слаб до умерен ветер од претежно од јужен правец.
Времето денеска
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Максималната температура ќе достигне од 6 до 15 степени.
Во Скопје претежно облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.