Рано утрово пред казино во Неготино се случила физичка пресметка, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи Велес.
Инцидентот се случил околу 04:15 часот, кога полициските службеници од ОВР Неготино го привеле А.Ј. (39) од неготинско село. Според информациите, пред казиното, А.Ј. и 35-годишниот Д.Ј. од Неготино, по вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Од СВР Велес информираа дека со Д.Ј. бил извршен службен разговор, додека А.Ј. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот, против дватајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.