[ВИДЕО] Сестрата на Ким Јонг Ун прв пат видена со деца: „Постои можност да се нејзини потомци“

Точка

03/01/2025

19:13

1.579

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска соопшти дека е можно двете деца, кои неодамна беа видени покрај сестрата на севернокорејскиот лидер, да се нејзини деца.

На видеото од новогодишниот настап, прикажано на севернокорејската телевизија во средата, се гледа како Ким Јо Јонг држи за рака момче додека девојче стои до неа, објави "Јонхап".

Таа снимка поттикна шпекулации дека децата би можеле да бидат нејзино потомци.

„Во тек е прецизна анализа и постои можност децата да се на Ким Јо Јонг“, изјавија за "Јонхап" од јужнокорејската Национална разузнавачка служба.

Севернокорејскиот лидер беше на настанот со својата ќерка Џу Ае.

Во април 2015 година, "NIS" објави дека се очекува Ким Јо Јонг да се породи следниот месец.

Подоцна во 2018 година, владин извор изјави дека таа била бремена за време на посетата на Јужна Кореја во февруари истата година, кога присуствувала на Зимските олимписки игри во округот Пјонгчанг.

Сепак, нема официјални информации кои го потврдуваат нејзиниот брачен статус, бременост или породување.