Маж од Чешка под дејство на дрога си го отсекол гениталниот орган, хирурзите му направиле нов

Макфакс

03/01/2025

10:41

924

Големина на фонт

а а а

Лекари од Чешка му го преобликувале гениталиите на 31-годишен маж откако под дејство на дрога си ги отсекол пенисот и двете уши. На улица бил пронајден со смрзнатини, по што бил хоспитализиран во психијатриска болница, пренесува чешкиот портал Иднес.

По неколкумесечно закрепнување, лекарите извршија пластична операција под водство на хирургот Адам Бајус.

„Одвоивме парче ткиво од подлактицата, го обликувавме во форма на гениталиите и уринарни канали и ги поврзавме ситните крвни садови и нервите под микроскоп“, објасни Бајус.


„Акутната употреба на дрога ја наруши способноста на пациентот за контрола и за донесување одлуки. Тој не знаеше што прави во тоа време, но сега живее релативно нормален живот“, додаде психијатарот Јакуб Албрехт.

„Лекцијата е јасна, никогаш не знаеш што ќе ти направи дрогата и никогаш не знаеш што точно има во купеното. Не можеме се да забраниме, но важна е превенцијата“, заклучи психијатарот. Пациентот наводно бил под дејство на марихуана и кратом, јави Радио Прага.