Северна Кореја оцени денеска, по повод импичментот на јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол, дека во Јужна Кореја владее „политичка парализа и социјален хаос“.
„Во марионетската Јужна Кореја, по претседателот е издаден налог за апсење, што ги парализира државните работи и дополнително го продлабочи општествениот и политичкиот хаос“, соопшти корејската новинска агенција КЦНА.
Ова е првпат Северна Кореја да ја објави моменталната ситуација во Јужна Кореја, односно импичмент на претседателот, посочува Јонхап.
Јун се соочува со истрага за обидот да се прогласи воена состојба на 3 декември, а истражителите неуспешно се обидоа денеска повторно да го уапсат отповиканиот претседател.
Една недела подоцна, Собранието гласаше за негов импичмент, а Уставниот суд ќе одлучи дали ќе ја потврди суспензијата на претседателот или ќе го врати на функцијата, пренесува Танјуг.