„Мама Нате, ти си мојот суперхерој, те сакам!“: Музичарот Горан Папаз и неговата сопруга добија тројка, најубавиот новогодишен подарок

Точка

31/12/2024

17:28

3.514

Големина на фонт

а а а

Македонскиот саксофонист Горан Папаз и неговата сакана сопруга Наташа Атанасовска станаа родители на тројка. Наташа се породи вчера, 30 декември и на свет ги донесе ќерките Лена и Луна и синот Лазар.

Среќниот татко оваа вест ја сподели на социјалните мрежи, каде неизмерно ѝ се заблагодари на сопругата Наташа за оваа неопислива радост.

„Татко на четири. Едното пиле веќе втораче, другите три пајчиња денес пристигнаа. Мама Нате, ти си мојот суперхерој, те сакам! Лена, Луна и Лазар, тато и мама ќе ве сакаат дури се живи. Доктор Ана Данева Маркова и целиот ваш тим, фала ви. Среќа е што ве имаме покрај нас, фала ви за сè што направивте и правите за сите нас. Неизмерно благодарни“, напиша Горан.

Татко на четири. 🐥🐣🐣🐣

Едното пиле веќе втораче, другите три пајчиња денес пристигнаа. :)

Мама Нате, ти си мојот супер...

Posted by Goran Papazz on Monday 30 December 2024

Парот доби бројни честитки за раѓањето на бебињата, а Горан ги сподели на Инстаграм Стори.

Папаз, во август преку својот Инстаграм откри дека очекуваат тројка и ги покажа фотографиите од ултразвукот.

„1 на 10.000 биле шансите за природна тројка … ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше.

П.С. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша тогаш саксофонистот.


Да потсетиме, Горан и Наташа стапија во брак пред две години. Тогаш направија голема свадбена прослава, на која присуствуваа членови на блиското семејство и нивните пријатели.

„Јас сум најсреќниот човек во универзумов. Фала ви на сите што сте дел од мојов, нашиот живот, ми го направивте денот најубав. Нате, не дека си моја, ама најубава си ми. Те сакам до небото“ напиша тогаш познатиот саксофонист.



Инаку, музичарот веќе има еден син од претходниот брак, Дамиан.