Македонец кој работи како келнер во Прага доживеал момент што сигурно долго ќе го памети. За време на сосема обичен работен ден, пред него застанал гостин од Колумбија кој приредил несекојдневно изненадување – и тоа на чист македонски јазик.
Станува збор за Јанко Пенафорт, професионален музичар од Богота, кој веќе подолго време е вистински вљубеник во македонската музика, традиција и култура.
На големо изненадување на Македонецот, Јанко со многу емоција ги запеал легендарните македонски песни „Јовано Јованке“ и „Ќе ти дојдам вечер“, а видеото од овој необичен момент брзо заврши на социјалните мрежи и привлече бројни реакции.
Инаку, Јанко не ѝ е непознат на македонската публика. Тој веќе има создадено своја препознатливост преку Фејсбук страницата „Колумбиец пее на македонски“, каде редовно објавува видеа во кои изведува македонски песни.
Неговата љубов кон македонскиот фолклор отишла толку далеку што активно го изучувал македонскиот јазик, со цел секој стих да го изговара што е можно попрецизно.
Како круна на таа посебна поврзаност, Јанко неодамна ја посети и Македонија, а својата фасцинација кон земјава ја овековечи и со фотографија на познатиот Камен мост во Скопје.

Приказна која уште еднаш покажува дека македонската музика не познава граници – и дека понекогаш најубавите патриотски моменти доаѓаат токму од луѓе кои се илјадници километри далеку од Македонија.












