[ВИДЕО] Фонсека со две реченици се збогуваше од фановите на Милан

Дерби

31/12/2024

09:19

2.742

Големина на фонт

а а а

Пауло Фонсека не се задржа долго на „Сан Сиро“ и по само шест месеци заработи отказ од Милан, но за разлика од некои други случаи, мора да се признае дека Португалецот беше максимално релаксиран од целиот овој исход.

Фонсека излезе со насмевка на лицето во моментите кога им потврди на новинарите дека заработил отказ по ремито со Рома, а во ист тренд продолжил и во најновата средба со претставниците на седмата сила.

Искусниот стручњак избегна да дава долги интервјуа за прекинот на соработката со Милан, но затоа не пропушти да им испорача две реченици на тифозите на клубот.

– Прегратка до сите и голема благодарност за поддршката и почитта која ја покажавте.

– Беше навистина убаво да се биде тренер на Милан, јас веќе се збогував со тимот и тоа е тоа, – изјавил Фонсека.