Авион на холандската авиокомпанија „КЛМ“ принудно слета во Норвешка откако имал проблеми со моторот за време на летот, но немало повредени, соопшти норвешката полиција.
Во соопштението се наведува дека Боингот 737, кој летал од Осло за Амстердам, принудно слетал синоќа во јужна Норвешка по технички дефект што се случил непосредно по полетувањето.
KLM 737-800 Skids Off Runway at Oslo Torp After Hydraulic Failure
— Aerospace News by HYPE (@HypeAviation) December 29, 2024
- Bart Noëth #aviation https://t.co/9HkJ1zi21Nhttps://t.co/XafsWjG0fm
Сите 182 лица во авионот, вклучително и екипажот, не се повредени, објави „НЛ Тајмс“.
Локалните медиуми јавија дека пилотите забележале чадење од левиот мотор.
Video shows KLM flight #KL1204 skidding off the runway after an emergency landing at Torp Airport. The Boeing 737-800 (PH-BXM) was en route from Oslo to Amsterdam when it experienced a hydraulic failure. Thankfully, no injuries were reported.
— Antony Ochieng,KE✈️ (@Turbinetraveler) December 28, 2024
Video @mackjacklar#BreakingNews… https://t.co/5OE4h79YSV pic.twitter.com/JPxxkM3zuL
Откако авионот безбедно слетал, патниците ракоплескале.
#BreakingNews: KLM Flight #KL1204 Skids Off Runway After Emergency Landing at Torp Airport,Norway 🇳🇴
— Antony Ochieng,KE✈️ (@Turbinetraveler) December 28, 2024
A KLM Boeing 737-800 (#PHBXM) operating flight KL1204 from Oslo to Amsterdam faced a harrowing emergency landing on December 28, 2024. Shortly after takeoff at 18:00 CET, the… pic.twitter.com/HZWwluQwCi
По инцидентот, почна истрага за причините за инцидентот.
Во меѓувреме, авионска несреќа се случи во Јужна Кореја, кога Боинг 737-800 се обиде да слета на трупот. Авионот се излизгал по пистата, а потоа удрил во ѕид и експлодирал. Според последните информации загинаа 176 лица, а спасени се двајца членови на екипажот. Истрагата за причината за падот на јужнокорејскиот авион може да трае и до три години.