Британското кралско семејство присуствуваше на традиционалната божиќна миса одржана во Сандрингем, каде принцезата од Велс Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија со своите деца, принцовите Џорџ (11) и Луис (6) и принцезата Шарлот (9).
На социјалните мрежи се шири вирално видео на кое се гледа дека Кејт е во центарот на вниманието и дека разговара со луѓето кои дошле да ги поздрави.
Меѓутоа, за тоа време принцот Вилијам веќе отишол со децата и ја чекал Кејт, која се ракувала и примала подароци.
Кога сфатила дека нејзиното семејство ја чека, Кејт се пошегувала, велејќи му на еден обожавател: „Изгледа дека си го изгубив семејството“.
На снимката се гледа како принцот Вилијам во еден момент посегнува по својот мобилен телефон, а многумина коментираат дека е можно тој да ѝ се јави на Кејт за да ѝ каже да побрза.
Но, некој забележал и дека еден член од обезбедувањето, кој стоел зад Кејт, исто така зборува на мобилниот телефон, па се посомневале дека принцот Вилијам му се јавил со упатства Кејт да побрза и да се поздрави.