Аморим им ја претстави суровата реалност на фановите на Јунајтед: Немаме никаква шанса за тоа

Дерби

27/12/2024

14:26

1.457

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед продолжи да тоне на првенствената табела во Премиер лигата, па така по најновиот пораз се најде на 14-то место.

Новото лошо издание го донесе третиот пораз во низа за тимот на Рубен Аморим, а разочарувањето на „Молину“ го натера португалскиот стручњак да излезе со сериозен заклучок, со кој всушност им ја претстави суровата реалност на навивачите на Јунајтед.

Многумина веруваа дека тимот ќе добие нов лик со Аморим и дека со серија на добри резултати би се вратил во трка за топ четири, но наместо тоа, многу брзо стана јасно дека Јунајтед е далеку и од местата кои гарантираат европски фудбал.

Рубен по поразот од Вулверхемптон добил директно прашање дали Јунајтед може да избори европски фудбал наредната сезона преку позиција во Премиер лигата, по што менаџерот од прес-центарот испратил кратка и јасна порака.

– Не, не, не….. Немаме никаква шанса за тоа. Мора да работиме на многу други работи во клубот. Мора да работиме на многу нешта на теренот, но и надвор од него. Ние сме во фаза во која само преживуваме. Мора да преживееме и понекогаш да оствариме победа, за жал се наоѓаме во таква ситуација.

– Немам идеја колку време ќе ни биде потребно за да го решиме ова. Наместо да се обидувам да сфатам колку време ќе ни треба, мора да мислиме од ден за ден. Мора да мислиме да бидеме подобри од денес за утре, мора да работиме секој ден, да анализираме, да гледаме видеа и да ја искористиме секоја минута на тренинг за да бидеме подобра верзија од себе.

– На нашата целосна идеја и е потребно време за реализација. Се наоѓаме во тежок момент, далеку сме од вистинскиот моментум и мора да се соочиме со реалноста. Мора да се фокусираме само на следниот меч и да одиме чекор по чекор, – изјави Аморим.