Крајот на годината вообичаено е време за објавување на различни статистички резултати, а Гугл објави интересен податок за прашањата кои луѓето најмногу ги пребарувале поврзани со секс во текот на 2024 година.
Овие шест прашања беа на врвот на листата:
1. Што е автосексуалност?
2. Дали е нормално да се крвави после секс?
3. Дали мастурбацијата е грев?
4. Што е оргазам?
5. Колку долго после царски рез можете да имате секс?
6. Колку често брачните парови имаат секс?
Ве интересира што е автосексуалност?
Терминот автосексуалност првпат се појави во медиумите во 2020 година, кога Кортни Кардашијан го спомна на својот блог. „Дали сте автосексуални? Накратко - да, најверојатно. Всушност, сите сме, барем малку", напиша таа. Терапевтката и автор Кејси Танер зборуваше за автосексуалноста на страницата на Кортни, откривајќи дека тоа е особина кога „личноста ја привлекува сопственото тело“.
„Иако мастурбацијата е пример, автосексуалноста може да се прошири подалеку од сексуалното однесување и да вклучи чувства на копнеж или желба за себеси. Тоа може да биде и способност да почувствувате сексуална желба преку визуелизација, допирање или мирисање на самите себе“, изјави Танер за „Poosh“.
Таа додаде дека автосексуалноста е широк спектар и дека повеќето луѓе се некаде на тој спектар. „Некои се исклучиво автосексуални и тоа е нивната сексуална ориентација, додека повеќето луѓе ја комбинираат со секс со партнерот“, објасни таа.
Експертот вели: Многу луѓе се плашат од автосексуалноста
"Тоа би можело да значи носење секси долна облека. Може да значи и дека ја средувате косата или се шминкате само за да се чувствувате добро, дури и кога сте во долготрајна моногамна врска и другата личност тоа речиси и не го забележува. Доколку некогаш ве возбудило чувството на независност од некој друг, тоа е автосексуалност и тоа е сосема нормално“, објасни таа.
„Многу луѓе се спротивставуваат на автосексуалноста, плашејќи се дека таа е нарцисоидна или дека може да го наруши партнерскиот секс. Во реалноста, автосексуалноста може да биде здрав, па дури и вреден дел од вашиот сексуален живот“, нагласи таа.