Градски парк беше симбол за најтрофејните денови кои ги имаше Работнички како клуб во своето постоење, но откако кошаркарското здание беше буквално прегазено од времето, сега Општина Центар официјално активираше еден проект кој ги израдува „центарци“.
После повеќе од 50 години, денеска и дефинитивно се започна целосната реконструкција на салата „Работнички“, која во блиска иднина треба да добие нов модерен лик на кој ќе се гордеат играчите, но и навивачите на клубот.
Култниот стадион беше сериозно запоставен во последните неколку години и дојде во ситуација да нуди катастрофални услови за кошарка, па дефинитивно овој проект е голем плус за Работнички како клуб, но и за македонската кошарка како целина.
Градежните активности кои веќе стартуваа опфаќаа целосна реконструкција на салата, вклучувајќи нова фасада и нов покрив, но и целосно обнова на теренот и гледалиштето според стандардите на ФИБА.
– Салата ќе биде модернизирана и целосно прилагодена за тренинзи и врвни спортски настани. КК „Работнички“ заслужува вистински дом, а со оваа реконструкција Општина Центар тоа ќе го обезбеди за својот најтрофеен клуб, отворајќи нови можности за успеси и давајќи поттик за понатамошен развој и подем на македонскиот спорт, – порача градоначалникот на Оштина Центар, Горан Герасимовски.
👷🏻♂️🏀 По повеќе од 50 години започна целосната реконструкција на салата „Работнички“ – некогашниот симбол и гордост на...
Posted by Општина Центар - Скопје on Wednesday, December 25, 2024