Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес во рамки на традиционалното доделување годишни признанија свечено додели награди за најдобриот полицаец, пожарникар, и крводарител на град Скопје за 2024 година, базирано на остварените резултати и избрани од нивните работни колективи.
За своите заслуги и за хуманата, храбра и пожртвувана работа, признанија добија:
– Васко Тодевски од СВР Скопје Одделение за увид, за исклучителни резултати во реализација на бројните работни задачи, со што има значаен придонес во остварувањето на полициската работа
– Кире Стојановски од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како пожарникар спасител кој се истакнал во акциите на неговата бригада во која е од 2015 година
– Миле Петковски крводарител од Скопје, кој има евидентирани 115 дарувања во рамки на крводарителски акции и како редовен учесник во бројни хуманитарни акции мотивира со својот личен пример
Градоначалничката и присутните им посакаа на наградените добро здравје и успеси во новата година, со желба да продолжат со својата храбра и посветена работа во интерес на граѓаните.