Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

Макфакс

25/12/2024

13:16

1.681

Големина на фонт

а а а

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој најави реакција од институциите.

Според Мицкоски, ваквото однесување н трговците не е етичко, особено што се случува пред празниците.

„Тоа што мислеа дека ќе не надмудрат и си играат со трпението на граѓаните и Владата не е добро. Тоа не е коректно однесување, особено пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити. Граѓаните очекуваат разбирање, а не наеднаш да се зголмеуваат цените на одредени продукти. Тоа е нечовечно однесување. Реакција од институциите ќе има уште денес, а ако продолжат така, реакцијата ќе биде поголема во периодот што следи“, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека трикови од овој тип нема да поминат.


Мицкоски истакна и дека имаат и други мерки на располагање кои можат да ги преземат за производите да не поскапуваат, а за кои јавноста ќе биде информирана.

Премиерот претходно вчера најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.