Јан Рајт како легенда на Арсенал контстантно дава заклучоци за изданијата кои ги има тимот на Микел Артета, а како поранешен голгетер смета дека на актуелниот тим му недостасува убиствен напаѓач.
Рајт смета дека Артета мора да размислува на засилување на офанзивниот дел од тимот во зимскиот преоден рок, од една страна поради тоа што Каи Хаверц не е центарфор, но и поради тешката повреда која ја заработи Букајо Сака.
Легендарниот Англичанец си даде за право да му издвои две имиња кои посебно му привлекуваат внимание, а на кои тој гледа како играчи кои перфектно би се вклопиле во филозофијата на Артета.
– Постојат двајца играчи за кои јас би тргнал во секој момент. Оние што не го знаат, ги повикувам да го погледнат Омар Мармуш од Ајтрахт Фракфурт, но исто така и Адемола Лукман од Аталанта. Јас цврсто би тргнал по овие двајца играчи во било кој момент.
– Треба да погледнете што прави Мармуш за Ајтранхт, игра неверојатен фудбал. Асистира, дава голови, изведува корнери и има импресивна брзина. Кога ги гледам него и Адемола, гледам играчи кои му се потребни на Арсенал, тие би биле перфектни за нас. Двајцата брилијантно би се вклопиле во системот на нашиот менаџер, – тврди Рајт.