[ФОТО] Жена загина при експлозија на бомба во центарот на Солун

Макфакс

03/05/2025

13:40

1.880

Големина на фонт

а а а

Во експлозија на бомба што рано утрово се случи во центарот на Солун, животот го загуби 38-годишна жена.

Како што пренесуваат грчките медиуми, жената веројатно загинала додека го пренесувала експлозивниот механизам.


Експлозијата се случи околу 5.30 часот утрово, предизвика штета на излозите на соседните продавници, како и на возилата паркирани во близина.


Очевидци за грчките медиуми рекоа дека експлозијата била многу силна.