Руската закана за Европа е многу поголема отколку што изгледа, изјави италијанскaта премиерка

Макфакс

23/12/2024

09:58

1.212

Големина на фонт

а а а

Руската закана за Европа се протега надвор од одбраната и безбедноста, изјави вчера италијанската премиерка Џорџа Мелони за време на меѓународната средба во Финска, додавајќи дека таа се однесува и на илегалната миграција и сајбер безбедноста.

Се работи за нашата демократија, за влијанието на нашето јавно мислење, за она што се случува во Африка, за суровините, за инструментализацијата на миграцијата. Мораме да знаеме дека ова е многу широка закана“, рече Мелони.

Италијанската премиерка ја повика ЕУ да ја гледа миграцијата како дистрибутивен, но и безбедносен проблем.

„Безбедноста значи и критична инфраструктура, значи вештачка интелигенција, сајбер безбедност, суровини, синџири на снабдување. Тоа значи нова и поефикасна надворешна политика и политика за соработка, тоа значи миграција“, рече Мелони.


Мелони предупреди на пасивност и самозадоволство во ЕУ, додавајќи дека дури и по завршувањето на руската војна во Украина, безбедносните предизвици во Европа нема да исчезнат.

„Мораме да разбереме дека заканата е многу поширока отколку што мислиме“, рече Мелони.

Тензиите меѓу Европа и Москва се зголемија откако Русија почна сеопфатна инвазија на Украина во 2022 година. ЕУ воведе 15 пакети санкции против Русија, а повеќето нејзини членки му дадоа воена поддршка на Киев.

Од друга страна, ЕУ сè повеќе ја обвинува Русија дека врши саботажни и хибридни напади низ целиот континент за да ја наруши одбранбената помош за Украина и да шири хаос и немири.