Кинескиот суд го осуди на условна смртна казна мажот што влета со автомобил во пешаци

Макфакс

23/12/2024

14:12

316

Големина на фонт

а а а

Кинескиот суд му изрече условна смртна казна на маж кој минатиот месец влета со својот автомобил во група пешаци, деца и родители во јужната провинција Хунан.

Хуанг Вен беше уапсен откога повреди 30-ина лица, меѓу кои и деца, се вели во соопштението на Средниот народен суд во Чангде.

Цензорите ги отстранија видеата од нападот од социјалните мрежи, а само кратки изјави од државните медиуми беа искористени за известување за случајот.

Нему му е изречена смртна казна со одлагање од две години, која вообичаено се заменува со доживотен затвор доколку осудениот не стори повеќе кривични дела во периодот.

Судот наведе дека обвинетиот на 19 ноември со својот автомобил влетал во толпа пешаци бидејќи претходно изгубил пари, па ја извадил својата фрустрација на минувачите.

Тој е уапсен на самото место кога се обидел и со оружје да нападне пешаци.