Словенија побара забрана за учество на Израел на Евровизија 2025: Поставија ултиматум

Точка

22/12/2024

13:30

1.074

Големина на фонт

а а а

Словенечкиот јавен сервис РТВ Словенија испрати писмо до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) барајќи Израел да биде исклучен од Евровизија 2025, која ќе се одржи во Базел, пренесува Jerusalem Times.

Словенија е првата европска земја што официјално побара ваква мерка против Израел. Доколку ЕБУ го игнорира нивното барање, РТВ Словенија најави дека ќе се повлече од натпреварувањето или, во спротивност со правилата на Евровизија, ќе го прекине преносот за време на настапот на израелските претставници.

ЕБУ досега одбиваше слични повици за исклучување на Израел, тврдејќи дека Евровизија е натпреварување на јавни радиодифузери, а не на влади, и дека Израел има право да учествува. Во списокот објавен на 12 декември, меѓу 38 земји учеснички за 2024 година, е вклучен и Израел.


Во реакција на словенечкото барање, израелскиот јавен сервис го цитираше адвокатот Алон Галерт, кој оваа недела пред Економскиот комитет на Кнесетот изјави:

„Сите сме свесни за напорите на антисемитските тела и палестинските актери да го отстранат Израел од меѓународните институции. Државата Израел активно се спротивставува на овие обиди и ќе продолжи да вложува напори за зачувување на своето учество во важни меѓународни тела како Евровизија.“


ЕБУ сè уште нема издадено официјален одговор на словенечкото барање.