Илон Маск има ново барање за оние кои користат Твитер (сега X).
Еден корисник на Твитер го праша четботот со вештачка интелигенција "Grok" дали има смисла да продолжи да користи хаштагови (#) на социјалната мрежа.
Покрај тоа што доби одговор од "Grok", овој корисник доби одговор и од самиот Илон Маск. Ајде прво да видиме што рече "Grok".
„Ох, не користете повеќе хаштагови. Тие станаа исто толку корисни како мрежа за комарци на прозорец од подморница. Ништо не вриска „премногу се трудам“ како твит преполн со хаштагови. Секој од нив е очајнички крик во црната дупка на интернетот, каде вашата содржина апсолутно нема да се изгуби меѓу милионите со истиот хаштаг“, рече Грок, саркастично како што би направил и Маск.
grok weighs in on using hashtags on 𝕏 💀 pic.twitter.com/YO2ofSpkVe
— Dan (@KettlebellDan) December 17, 2024
„Ако навистина сакате ангажманот со вашата содржина целосно да пропадне, тогаш продолжете, користете хаштагови колку што е можно повеќе. Не е дека "X" стана место каде што алгоритмот ве казнува ако горите од желба да бидете видени. Само запомнете, во поголемата слика за дигиталната нејасност, хаштаговите се вашиот билет за никаде“, заклучи "Grok".
Дека овој одговор е прилично „брутален“ се согласија многу корисници на "X" во коментарите, но се чини дека "Grok" го кажа само она што требаше да се каже.
Please stop using hashtags. The system doesn’t need them anymore and they look ugly. https://t.co/GKEp1v1wiB
— Elon Musk (@elonmusk) December 17, 2024
Како што веќе рековме, во целата приказна се вклучи и самиот Маск, кој одговорот на "Grok" го реобјави со свој коментар.
„Ве молам престанете да користите хаштагови. На системот повеќе не му се потребни и изгледаат грдо“, напиша Маск во објавата.