[ВИДЕО] Димитриевски: Вечерва се врши аеросолизација во Куманово како мерка за намалување на загаденоста на воздухот

Макфакс

19/12/2024

21:05

644

Големина на фонт

а а а

Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје како мерка за намалување на загаденоста на воздухот, објави на својот „Фејсбук“ профил градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Граѓаните низ земјава продолжуваат да дишат токсичен воздух, а бројките од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат висока загаденост во повеќе градови низ државава.

Вечерва се врши аеросолизација во централното градско подрачје како мерка за намалување на загаденоста на воздухот.

Posted by Maksim Dimitrievski on Thursday, December 19, 2024

Според мерењата, вечерва најзагадено е во Струмица со 343 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, по што следува Охрид со 336, Кавадарци со 273 и Куманово со 187. Висока е загаденоста на воздухот и во Кичево, каде што се измерени 120 ПМ2,5 честички и во Гостивар со 121.