Двајца кинески астронаути поминаа девет часа на вселенска прошетка во вторникот, соборувајќи го американскиот рекорд од 2001 година, пренесува Си-ен-ен.
Каи Сјуже и Сонг Лингдонг, членови на екипажот на летот Шенжу-19, го соборија рекордот на Џејмс Вос и Сузан Хелмс, кои поминаа осум часа и 56 минути на вселенска прошетка на 12 март 2001 година.
За тоа време, Сјуже и Лингдонг успешно инсталираа заштитни уреди од вселенски отпад и контролираа друга опрема.
New World Record! On Tuesday, two Chinese astronauts completed a nine-hour extravehicular activity aboard the Tiangong space station! It broke the world record for the longest single spacewalk. pic.twitter.com/qWGzKZxr8j
— 中国驻加纳大使馆 Chinese Embassy in Ghana (@ChinaEmbinGH) December 18, 2024
Кина направи значителни напори да се етаблира како главен „играч“ во вселената – домен што земјите, вклучително и САД, сè повеќе го истражуваат, не само за научна корист, туку и за ресурси и национална безбедност.
Кинеската Национална вселенска администрација спроведе серија посложени роботски лунарни мисии во последниве години, вклучувајќи го и првото враќање на лунарни примероци од далечната страна на Месечината претходно оваа година.
Исто така, нивниот план е да стане втората земја, по САД, која ќе испрати луѓе на Месечината, а претстави и специјално дизајниран вселенски костим за мисијата, која се очекува да се случи до 2030 година.