[ФОТО/ВИДЕО] „Во затворот зајакнав“: Исповед на американскиот аџија кој беше затворен во злогласните зандани на Асад

Точка

13/12/2024

20:00

2.097

Големина на фонт

а а а

Тревис Тимерман е аџија кој во последните седум месеци беше затворен во сириски затвор во близина на Дамаск, а беше ослободен по соборувањето на режимот на Башар ал Асад.

Многумина претпоставија дека станува збор за американскиот новинар Остин Тајс кој исчезна во 2012 година кога ја забележаа снимката од Тимерман која во последните неколку денови кружи на социјалните мрежи.


Меѓутоа, Тревис Тимерман (29) негираше дека е новинар и кажа дека е американски државјанин од Мисури. Тој рече дека влегол во Сирија пеш и илегално, како аџија и дека бил на пат за Дамаск како и дека не знае кој е Остин Тајс.

„Одев на аџилак во Дамаск“ – изјави тој за „NBC News“.

Тој кажа дека поминал три дена живеејќи во планинската област околу границата меѓу Либан и Сирија „без храна и вода“ пред граничарите да го уапсат. Вели дека и покрај сè во затворот, зајакнал.

Режимот го затворил

Тимерман кажа дека режимот на Башар ал Асад со месеци го држел во затвор. Меѓутоа тој исто така кажа дека времето кое го поминал во затвор „не било толку лошо“. „Никогаш не ме тепаа. Единственото лошо нешто беше тоа што не можев да одам во тоалет кога ќе посакав. Ми дозволуваа да одам во тоалет само три пати дневно“, додаде тој. Откако бунтовниците почнаа да ги ослободуваат сите затвореници на паднатиот режим, Тимерман исто така беше ослободен и бос талкаше по улиците на градот Дијаби, спиејќи во напуштени куќи.


Меѓутоа бил пронајден од локален жител кој му донел вода, а потоа го снимил, што предизвика големо медиумско внимание. Тимерман има намера да го продолжи аџилакот и да оди во Јордан, а потоа во Дамаск, а кажа и дека сака да стапи во контакт со семејството.



Пред да замине во Сирија, Тимерман престојувал во Унгарија, а патролата за државни автопатишта на Мисури како и унгарските власти соопштија дека Тимерман исчезнал од Будимпешта на 28 мај, пред нешто помалку од седум месеци.