Лавров му посака на Додик добро здравје, енергија и оптимизам

Макфакс

13/12/2024

12:50

974

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по операцијата испрати со поддршка до претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во која му посака добро здравје, неисцрпна енергија и оптимизам.

„Почитуван Милорад, информиран сум за хируршката интервенција која пред неколку дена беше извршена. Се надевам на брзо закрепнување и враќање на работа во полн капацитет на позицијата претседател на пријателската Република Српска“, нагласи министерот Лавров, пренесе Срна.

Додик во понеделникот беше опериран во белградска клиника, се чувствува добро и, како што е најавено, викендов би можел да биде пуштен на домашно лекување.